ескивира (св. и несв.)
Ќе заборавев да ја споменам вадиотров сауната што јас ја ескивирав а препородените ме искараа небаре одбив да влезам во харем.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Во „The Small Rain“ ликовите се соочуваат со смртта на еден детинест начин. Ескивираат: спијат до доцна, еуфемистични се.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Сепак и тие што требаше да му ги исплатат парите, се во работен однос во истата фирма и, плашејќи се за своето работно место кое беше загрозено од „повисоки инстанци“, на разни начини се обидуваат да ескивираат и одбиваат да контактираат со него.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)